Извлечени групите за кадетското ракометно ЕП што на лето ќе се игра во Македонија

Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје денеска беа извлечени групите за ракометното Европското првенство за кадетки до 17 години, што од 13 до 23 август ќе се одржи во Македонија.

Македонската репрезентација ќе игра во група А заедно со  Шведска, Словенија и Чешка.

Учество во борбата за трофеите ќе обезбедуваат две првопласирани по групната фаза, а останатите ќе разигруваат за пласман меѓу 9. и 16. место.

Изглед на групите:

Група А: Шведска, Словенија, Македонија и Чешка.

Група Б: Русија, Романија, Германија и Шпанија.

Група Ц: Португалија, Хрватска, Франција и Холандија.

Група Д: Данска, Норвешка, Унгарија и Словачка.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега