Женска трка во Скопје
Во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, како дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски Маратон 2015, ќе се одржи 3-тата Женска трка, која има за цел да им помогне на жените со вежбање за превенција од заболувања. Уште само три дена до трката која ќе ги обедини сите жени, да трчаат на патеката полна со здравје.
На 5-ти април, недела, со почеток од 10 часот и 30 минути ќе се оддржи Аеробик час, а веднаш потоа, во 11 часот започнува и трката на 1000 метри. Место на случувањето е Градски парк, кај Школка.
Женската трка која што по трет пат ќе се случува во Скопје, е со една и единствена цел: Превенцијата од заболувањата да ја започнеме со вежбање.
Денешните модерни и урбани жени имаат сè повеќе обврски, а сè помалку време за себе и време за вежбање, а ова е начин тоа да се промени, сега и тука. Трките од ваков, ревијален карактер се одржуваат насекаде во светот со една иста цел, подигање на свеста кај жените да започнат со активност која позитивно ќе влијае на нивното здравје.
Ова е убав начин жените да покажат дека вежбањето, забавата и наградите одат заедно.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа