JE SUIS Коља, JE SUIS Мрак

 

Такви будалаштини се случија во два дена што секој почеток ти е некако ич атрактивен. Пиши-Бриши работава. “Песак у савезничка осовина”, така некако може да се опише она што му се случува на Опозицискиот Пленум. “Коља е мрак, сите сме мрачни” е максимата по дома. Политички боксови и шамари е резултатот од Запад.  Каков политички успех на бомбите на СДСМ. Паднаа во сенка на сопствените глупости.

Вака-така се си доаѓа на свое. Мрак по мрак си се редат коцките.  Коља мрак, Мухи помрак, Заев најмрак. Степенување на опозициско-пленумска платформа на политичко дејствување. Коља е типичен експонент. И на идејата, но и на нивото на развиени демократски вредносити во атарот на “политичката алтернатива” во Македонија. Тој настап на телевизија беше Вистинојавление на демократскиот капацитет на елитата борци за демократија. Не е тој сам, тој е само предвесник на мракот во целина. Не гледате како сите заеднички одбрамбено реагираа?  Во тој нивен свет на мракот, ние нормалните, замислете, треба да се чувствуваме виновни за нивната лудост.

Гледајќи го Коља како асиметрично плута во неможноста да воспостави рамнотежа на дискоординираните екстремитети со центарот за разум,  во напливот на таа среќа кога го руши соговорникот нарекувајќи го бараба непрокопсана. Во тој победнички знаес од вагиналниот нокаут врз соговорникот како оргазам на нимфоманка. Гледајќи и слушајќи ги тие извици од волонтерските вилици што треба да означуваат некакви зборови, тогаш оној, Миленко, кој пленумот на ОБСЕ одлучи да го екскомуницира од општествените простори ти доаѓа како “Мечето ушко”. Дечји програм без категоризација.

Стојанчо Ангелов има историска шанса да стане “достојанствен национален херој”. Заедно со новинарските слободо-демократи откако ќе го завршат обидот за окупација на МТВ, нека се поместат едно 300 метри на север и со ЦД-то од емисијата на Васко Ефтов нека ја окупираат Алсат.  И се додека не се емитува емисијата на Ефтов нема повлекување. Така секој ден. Два саати пред МТВ, два пред Алсат. Јавноста, а особено Стојанче, има право да ја знае вистината за создавањето на УЧК. Ако овие од Алсат се отимаат на видео бим пред мавровка да ја пуштаат и тезга на битпазар да закупат каде ќе делат копии од емисијата. Што? Не можело да се окупира Алсат? Зашто? Била приватна телевизја, со своја уредувачка политика… Абе не ме “кољамрачи”, прашај таму кај Заев ќе ти каже како иде тоа, бил тој пред Сител.

Алооо… Пленумци журналисти, камо “И јас сум Васко Ефтов”?  Кај се маските во форма на таргет-центар на главите?  Не е време а? Незгодно?  Е да… сега е време на други транспаренти… На други пороли.  “JE SUIS Коља, JE SUIS Мрак”.

Башка Коља е волонтер. Волонтер во сопствената фирма. Волонтер со 16.000 евра годишно реклама или донација од Владе. Владе дава, ама Коља не троши. Не му ќејф. Ќе троши кога режимот ќе падне. Сега одработува.

Пленум. Колку тоа комунистички звучи, а авангардно во Македонија изгледа. Општествено здружување од времето на комунизмот. Нема лидери, сите носат одлуки. Нешто како самуправување. Сите управуваат со се и со сите. Денеска сите се во некакви пленуми. Општат заедно. Пленум на оговарачки, пленум на жени во месечен циклус. Кафански пленум. Овчарски пленум. Кољамрак пленум. Има секави пленуми, само нема пленум на Македонија. Зошто? Затоа што сите не се Македонија.

Најнов е журналистичкиот пленум. Заедничка карактеристика на членовите им е тоа што со години сакаат да владеат со Македонија. Да бидат власт, место влада.

Во пленум ќе прерасне и СДСМ.  “Пленум величествених”. Заев и така веќе живее во филмот “Ирод и Месијата”. “Павелшатевска” му доаѓа нешто како тајната пештера. Таму спиел, таму јадел, таму работел, таму с….

А, Рада кај спие?

Врти сучи, за излез од кризата најдобро е оваа Влада да падне. И Груевски пак да победи…

Марјан Николовски – Новинар
Денешен

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега