Стоиљковиќ: Ромите се нераскинлив дел од македонското културно наследство

 


Министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ рече дека присуството на речиси целиот државен врв на денешниот настан покажува колку припадниците на ромската заедница и на малите етнички заедници се во фокусот на Владата. 

-Ромската заедница во Република Македонија е нераскинлив дел од мозаикот што ја прави нашата земја толку богата и шеренолика, а Ромите се нераскинлив дел од македонското културно наследство. Таа е длабоко вкоренета во историјата и развојот на нашата земја, а нејзините членови придонесуваат во различни сфери. Денешниот ден не е само симбол на борбата на ромскиот народ за еднаквост, слобода и достоинство, туку и ден за сеќавање и ден за надеж. Ден посветен за подигнување на свеста за правата и културата на ромската заедница, но и потсетник дека секој граѓанин без разлика на етничката или верската припадност има еднаква можност да учествува, придонесува и напредува, рече Стоиљковиќ. 

Вети дека Министерството за односи меѓу заедниците ќе направи се што е потребно за интеграцијата на сите заедници во македонското општество да не биде само празна фраза, туку и предизвик кој преку континуирана работа и искрен дијалог ќе значи реализирање на визијата - општество во кое никој не е невидлив.

07.04.2025 - 21:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега