Проблеми за Милевски пред средбата со Словенија

 

Селекторот на македонската фудбалска репрезентацијата до 21 година Благоја Милевски е принуден да менува и комбинира нови играчи во тимот спроти почетокот на подготовките за натпреварот против Словенија закажан за 30 март во Цеље. Милевски денеска доби потврда од Давид Бабунски, Бобан Николов  и Тауљан Сулејманов дека не се во можност да се стават во функција на тимот за натпреварот во Словенија.

- Се соочуваме со голем предизвик, треба да составиме речиси нов тим за натпреварот со Словенија. Недостасуваат шест играчи кои ги создаваат најважните линии во формацијата на тимот. Давид Бабунски има првенствен натпревар на 29 март, се бори за место во тимот,овој период е веројатно клучен за него во Барселона и по разговорот со него одлучивме да го ослободиме од обврските за натпреварот со Словенија. Бобан Николов не е доволно подготвен за овој натпревар и покрај големата желба да настапи против Словенија. За жал не е доволно физички подготвен, беше повреден во изминатиот период и одлучивме да не ризикуваме на овој натпревар. Ситуацијата со Тауљан Сулејманов веројатно е најтешка. Фудбалерот на Јанг Бојс утре оди на операција на коленото. Имајќи ги предвид сите овие откажувања бевме принудени да менуваме, изјави Милевски.

Тој ги најави тројцата дебитанти, Чешмеџиев, Костадинов и Стојановски кои беа дел од селекцијата до 19 години на последните квалификации за ЕП, а во фукција на тимот се ставени и Кире Марковски од Работнички и Имери Демир од Шкендија.

- И покрај новата ситуација со која се соочуваме, јас се надевам дека играчите кои ќе добијат шанса ќе ја искористат и ќе се наметнат сериозно за важните натпревари од квалификациите за ЕП 2017 во Полска, потенцира Милевски. 

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега