Секоја вечер во Кавадарци ќе нема вода
Поради постојаното зголемување на потрошувачката на вода предизвикано од високите температури во Кавадарци е воведена рестрикција на водата за пиење.
Станува збор за контролирана редукција од еден до пет часот по полноќ.
Целосен прекин во водоснабдувањето во траење од час до два часа е можен само кај оние кои живеат во повисоката зона во градот или на повисоките катови во станбените згради.
ФОТО: Кафепауза