Хорор во Куманово: Мислела дека ќе помине уште еден обичен ден на работа но...

Млада Кумановчанка вчера тргнала на работа како и секој ден, без да претпостави каков хорор ќе преживее. Се работи за 24-годишната В.С. вработена во спортската обложувалница „Моцарт“, на улицата Илинденска во Куманово, кај која вчеравечер упаднале двајца маскирани насилници со пиштол во раката. Според податоците од полицијата, тие со закана со пиштол на вработената и одзеле 100.150 денари, а потоа избегале од местото на настанот.

Полицијата трага по двајцата крадци.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 12:13
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега