Уапсен кандидат за пратеник во македонското Собрание

Затскриени зад градежниот бизнис и туристичката агенција, макеоднски државјани во Цирих го воделе бизнисот со продажба на хероин. Крупните ѕверки во нарко мафијата Сабедин Саити и Кујтим Алигега успеале да исперат над 2ипол милиони швајцарски франци и најголем дел од парите да ги вратат во родната Макеоднија.

Откако паднаа во рацете на швајцарската полиција со 25 килограми хероин и 65 илјади франци во кеш, , макеоднските власти им влегоа во трагот на парите. Денешните претреси во Гостивар И Куманово обезбедија докази дека првите луѓе на оваа Цирих Мафија која функционирала налик на франкфуртската профитот од криминалот го криела дома.

Претресените биле во роднински врски со приведените. Двајца засега се на распит како сведоци а дали и за нив ќе следува некаква пријава ќе се знае по завршувањето на истарагата. Едниот, веќе одлежал 18 години во швајцарски затвор откако бил уапсен со дури 300 килограми хероин.

Макњоднските државјани не биле улични дилери туку крупни играчи на црниот пазар.

 

МАкедонските дрѓавјани во Швајцарија не го криеле богатството и живееле во раскош. Куќата на еден од приведените вредела неколку милиони швајцарски франци. Токму Кујтим Алигега се обидел да влезе и во македонската политика. Во 2011 година бил кандидат за пратеник од партијата Нова Демократија на Имер Селмани како претставник на дијаспорта.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега