Голужа: Очекував посилен отпор од Македонија

Хрватска триумфираше во балканското дерби благодарејќи на извонредниот голман Алиловиќ кој што во финишот од натпреварот, блесна кога беше најпотребно па им ја сочува победата на Хрватите.

Селекторот на „Коцкестите“ Голужа, истакна дека очекувал многу поголем отпор од Македонците на овој натпревар.

-Искрено кажано, очекував многу потежок натпревар со Македонија. Знаевме за нив, се подготвувавме за овој двобој. На почетокот не одеше се според планот, но подоцна се си дојде на свое место. Јас не сакав да калкулирам и решив натпреварот да го одиграм во најсилниот состав со најискусните репрезентативци. За младите ракометари можам да кажам дека ќе има шанса во иднина“, истакна селекторот Голужа.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега