СП ракомет: Комплетирано 4.коло во групите А и Б

Со трите средби одиграни попладнево комплетирано е 4.коло во А и Б групите на Светското ракометно првенство што се одржува во Катар.
 
Во дербито на денот, Хрватска по голема борба ја победи Македонија и остана единствената непоразена селекција во Б групата, додека актуелниот шампион Шпанија со триумфот над домаќинот Катар, е единствената селекција со максимален учинок.
 
Комплетни резултати од денешните натпревари: 
 
А група: Шпанија – Катар 28:25, Словенија – Бразил 35:32, Белорусија – Чиле 34:23.
Табела: Шпанија 8, Словенија 6, Катар 6, Белорусија 2, Бразил 2 и Чиле 0.
 
Б група: Македонија – Хрватска 26:29, БиХ – Тунис 24:27 и Австрија – Иран 38:26.
Табела: Хрватска 6, Македонија 6, Австрија 5, Тунис 3, БиХ 2 и Иран 0.
 
Утре се слободен ден за репрезентациите во овие конкуренции, а последното 5.коло ќе се игра во петок. 
 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега