Кире Лазаров се огласи пред натпреварот со Хрватска

Најдобриот ракометар на Македонија во пресрет на мечот со Хрватска вели дека противникот е фаворит, но сепак додава дека може да има изненадување.

-Ни се укажа шанса да се бориме за прво место во групата, иако знаеме потствесно дека Хрватите се фаворити. Тие дојдоа тука да направат големи работи, ние исто така си поставивме висока цел, да влеземе во квалификациите за Игрите во Рио, изјави Кире Лазаров за хрватските медиуми и притоа додаде:

-Знак како игра Хрватска, ништо специјално не се сменило во последните две, три години. Имате брзи крила, многу голови постигнувате од контри, што значи дека мораме да бидеме прецизни во нападот. Имате висока одбрана и како што реков мораме да бидеме многу внимателни при контрите, објаснува Лазаров.

На прашањето дали има притисок врз македонските ракометари во пресрет на дуелот со Хрватска, тој одговара:

-Притисок?Ма, каков притисок, не сме деца!.

Натпреварот помеѓу Македонија и Хрватска се игра вечерва со почеток во 17:00 часот.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 15:56
Фото: 
Економски

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега