Кире Лазаров се огласи пред мечот со Хрватска

Кирил Лазаров во Катар го игра четвртото светско првенство во кариерата, а за Ал Џезира вели дека е горд на својот тим и на она што го имаaт постигнато до сега.

-Ние дојдовме со големи амбиции на ова првенство. Ако ни се пружи шанса, сакаме да отидеме до крај. Зошто тоа да го криеме? Свесни сме за својата сила, знаеме кои се другите екипи. Не се плашиме од никој, но сметам дека оваа екипа може многу. Само е важно да не играме брзо, вели Лазаров за Ал Џазира.

Тој додава дека важно е повредите да ги заобиколат играчите, бидејќи темпото е напорно. За тоа дали Македонија може да ја добие Хрватска, Лазаров одговара:

-Можеме секој да го добиеме. Хрватска е силна репрезентација, не треба да се трошат зборови. Со години се на врвот на светскиот ракомет, освојуваат медали. Имаат неколку одлични играчи, кај нив не се чувствува смена на генерација. Ќе ни биде тешко, но ќе се бориме до крај. Единствено знам дека ако играме како против Иран и БиХ, тогаш ќе биде многу опасно. Не смееме да имаме такви осцилации во играта, вели Лазаров за Ал Џезира.

Лазаров е вистинска машина за голови, пишува Ал Џезира.

Во негова сопственост се два рекорди: на СП во Хрватска во 2009-та постигна 92 гола на девет одиграни натпревари, а на Европското првенство одржано во Србија пред три години, на седум натпревари постигна 61 погодок.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега