Ал Џезира со големи пофалби: Лазаров е голем ракометар, голем господин!

Голем ракометар е Кирил Лазаров...Најдобар македонски на сите времиња, еден од најдобрите европски. Такви „марки“ како што се тој, Карабатиќ, Гајиќ, Дувњак...го издигнуваат овој спорт над просекот. Бидејќи има многу играчи, но малку ракометари.

Ова го пишува спортскиот новинар од Ал Џезира Балкан, Емир Делиќ кој имал можност да поразговара на капитенот на македонската ракометна репрезентација и не ги штеди пофалните зборови за Лазаров.

-Лазаров е нетипична ѕвезда. Ќе го забележите тоа, на пример, во микс зоната. Тој, за играчите најдолг пат од теренот до соблекувалната, за него знае да трае и повеќе од половина час. Трпеливо им одговара на новинарите на сите прашања, се задржува, по правило, повеќе од останатите играчи. Со мокар дрес, стои во климатизирана просторија, кашла, но не заминува додека не го испочитува секого. И секој пат помислувам – каков господин, пишува новинарот Делиќ.

Македонија денес попладне (17 часот) ќе го одигра својот четврти натпревар на Светското ракометно првенство против репрезентацијата на Хрватска.

Да навиваме за МАКЕДОНИЈА!

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 10:06
Фото: 
новамакедонија

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега