Крвав четврток: Тетовчанец донесен во болница со расекотини по целото тело

Утрово 40 минути по полноќ во Полициската станица во Тетово од Клинички центар Тетово е пријавено дека бил донесен 38-годишниот Б.Е. со убодни рани во градниот кош и расекотини на стомакот и главата.

Според податоците од македонската полиција, поради сериозноста на повредите Елмази бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.

Полицијата трага по насилникот кој го направил делото.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега