Две грозоморни убиства: Пензионерот Јован убиен за 50 денари

Двајца пензионери во текот на минатата година беа убиени во два случаја, а истрагата покажа дека едниот од нив животот го загубил за 50 денари, а другиот за 1.000.

Како што пишува Дневник, во првиот случај е поднесена кривична против 48-годишниот З.Д. од Велес, за убиството на Јован Цилаков кое се случи во јуни минатата година во дворот на велешката гимназија Кочо Рацин. Се работи за бездомник кој го забележал настраданиот и со парче тула го удрил по главата откако тој се свртел со грб, му ги земал 50-те денари кои ги носел со себе и избегал оставајќи го пенизонерот кој починал на лице место.

Во вториот случај се работи за убиство со умисла. Се работи за маж кој работел како аргат кај 86-годишниот Вељо од Пепелиште. Откако работеле, а старецот не му дал пари, го удирал со ашовот во пределот на главата и го усмртил.

Им се заканува доживотен затвор.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега