Драма во Охрид: Со возило поминал низ оган, удрил човек и се заканувал со нож

Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое утрово во Охрид изврши кривично дело „насилство“.

Настанот е случен утрово во 06:40 часот на улицата „Радојца Новичиќ“ кога засега непознатиот сторител, пред група граѓани собрани околу василичарски оган, го запрел патничкото моторно возило марка „Голф“ со скопски регистарски таблици и со нож во рака им упатил повеќе вербални закани.

Потоа, со возилото со голема брзина се упатил кон граѓаните и поминал преку запалениот василичарски оган. Притоа на едно лице му нанел лесни телесни повреди односно повреди во пределот на левото колено и левата рака.

Веднаш потоа избегал од местото на настанот.

По целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот на кривичното дело „насилство“ Секторот за внатрешни работи Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега