Апелација потврди: Осум ипол години затвор за фризерката Благица

Апелациониот суд Скопје во целост ја потврди првостепената пресуда за скопската фризерка Благица Дончевска, која во март минатата година беше осудена на осум и пол години затвор за станбена измама на 42 лица, јави „Академик“.

Судот ја одбил како неоснована и жалбата на нејзиниот татко, Ацо Вељановски, кој, пак, доби четири и пол години затвор за помагање на измама. 

За потсетување, Дончевска беше уапсена во март 2013 година под сомнение дека претставувајќи се како претставник на владин проект за станови, наменети за млади брачни парови, социјални случаи и лица со посебни потреби, довела во заблуда 42 лица. Со изговор дека становите што ги продава се финансирани од Владата, но и од Холандија и од Белгија, им наплатувала од 15 до 30 илјади евра на оштетените лица за станови кои не постојат, со што ги оставила и без пари и без станови.

 

 

Оцени ја веста

10.01.2015 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега