НОВИ ДЕТАЛИ за убиството на Детска Клиника: Ја задавил и ја фрлил - девојката паѓала 7 спрата

Ја задавил и ја фрлил од покривот. Извори на Press24 откриаат дека на убиството во скопската Детска клиника му претходела жестока рапсправија меѓу 22 годишниот Н.К од скопски Петровец и неговата девојка, чиј идентитет се уште не се открива. Според нашите неофицијални информации, Н.К. во еден момент почнал да ја дави девојката, по што ја фрлил од покривот на зградата. Објектот на Детската Клиника има 7 спрата. Девојката паднала доле. На лице место пристигнале полициските Алфи. Веднаш ја пренеле во Урегтниот центар од сротива но лекарите таму не можеле да направат ништо за да и го спасат животот. 
Кога Н.К. увидел што направил сакал да се фрли од покривот на зградата. Полициските Алфи кои веќе биле на местото почнале да го убедуваат да не си го одзема животот. Веднаш биле повикани специјалци од полициските тимови за преговори а на местото се наместил балон кој требало да го спречи самоубиството. Професионалната работа на полицијата се покажала на дело. По долги преговори, тие сепак успеале да го убедат Н.К. да не си го одзема животот. Успеале да го симнат од покривот и го привеле во полиција.
На лице место излегле сите надлежни служби. 
Нема информации зошто избила караницата. Се претпоставува дека Н.К и девојакта биле во љубовна врска. 

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега