Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за да разговараат за најновите политички случувања во Северна Македонија, пишува грчки „Катимерини“.
Извори блиски до Ципрас за медиумот откриле дека поранешните лидери го истакнале значењето на одржувањето на Договорот од Преспа од 2018 година и продолжувањето на соработката меѓу нивните нации, особено напорите на Северна Македонија за пристапување во Европската унија и стабилноста на регионот на Западен Балкан, стои во написот.
Тие ја истакнале загриженоста во врска со порастот на националистичкиот популизам од двете страни, означувајќи го како лицемерен и опасен.
Двајцата политичари се согласиле да продолжат со иницијативи насочени кон одржување на мирот, зачувување на Договорот од Преспа и поттикнување на поблиски односи меѓу граѓаните на Грција и Северна Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа