Утре средба на Аврамопулос со Џон Кери
Во пресрет на пролетниот Самит на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО, грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Авромопулос утре во Брисел ќе оствари средба со американскиот државен секретар Џон Кери. Двајацата министри, меѓу другото, ќе разговараат и за прашањето за името, со оглед на тоа што на агендата е и ситуацијата во Југоисточна Европа.
Аврамопулос денеска во Луксембург учествува на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ на кој ќе се презентираат извештаите Европската комисија за Македонија, Србија и Косово, соопшти грчкото МНР.