Денеска пороен дожд и грмежи - од утре затоплување

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд. Попладне локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во источните делови врнежите ќе бидат пообилни.

Температурата ќе се движи од 18 до 27 степени.

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремен локален дожд и со умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 24 степени. 

Во четврток и петок се очекува намалување на облачноста. Можно е локално да има и слаби врнежи од дожд, на места и со ретки грмежи особено на планинските подрачја. Глобално во наредните денови се очекува стабилизирање и затоплување на времето.

најчитано сега