Самарас: Нема да има нови мерки за штедење!

 

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска ја исклучи неопходноста од нови мерки за штедење што ќе го компензираат неуспехот на владата да собере свежи пари од приватизацијата на националната гасна компанија, соопшти ДПА.

-Плановите за приватизација ќе продолжат, изјави премиерот Андонис Самарас по билатералните разговори со премиерот на Луксембург, Жан-Клод Јункер, кој е во посета на Грција.

- Какви проблеми и да се појават, ќе бидат надминати, посочи Самарас, подвлекувајќи дека „апсурдни се тврдењата дека ќе бидат неопходни нови мерки“.

Коментирајќи ги овие тврдења Самарас изјави дека причините за неуспешниот обид за продажба се „надвор“ од контролата на Грција.