ДУИ се согласува со новиот државен грб на Македонија
И министрите на Демократската унија за интеграција се согласиле со предлогот за нов државен грб.
Од ДУИ потврдија дека се согласуваат со изгледот на предложениот грб и дека сите министри гласале за. „Лавот е прифатлив да биде во центарот на државниот грб. Прво, затоа што како хералдика е застапен на грбовите на многу стари и големи албански семејства, впрочем, лавот го има и во грбот на градот Тирана.
Второ, прифатлива е и круната, бидејќи го одразува старото скопско кале", велат во ДУИ.
Оцени ја веста
06.12.2014 - 23:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа