Попоски: Спогодбата меѓу Србија и Косово е охрабрување за постабилен Балкан

- Во овие рамки, ги поздравуваме визионерските одлуки на премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, како и посветеноста на меѓународната заедница, особено високиот претставник на ЕУ, Кетрин Ештон, кои покажаа дека до решенија може да се стигне само со меѓусебен дијалог, почитување на европските вредности и заемно разбирање. Со оглед на тоа што изградбата на добрососедски односи, стабилноста и евроатланска иднина за сите земји од регионот претставува долгорочна и континуирана определба на Република Македонија, Министерството за надворешни работи ги поддржува сите напори во овој правец, се вели во соопштението од МНР.

- Прифаќањето на спогодбата меѓу Србија и Косово ги охрабрува сите оние кои работат за постабилен и просперитетен Балкан. Македонски интерес е сите во соседството да напредуваат во интеграциските процеси. Ова е навистина момент за поздравување, вели Попоски. 

ФОТО:Сител

најчитано сега