Што се случува во СДСМ? - Потпретседателот на партијата си поднесува оствка?!
Еден од потпретседателите на СДСМ, Ванчо Узунов, подолго време не учествува во работата на Социјалдемократскиот сојуз. Најблискиот соработник на Зоран Заев од областа на економијата, еден од четворицата потпретседатели, според партиски информации, незадоволен од новиот концепт на СДСМ и од начинот на кој раководството ја води партијата, веќе најавил дека сака да поднесе оставка од функцијата, пишува Дневник.
Kако што неофицијално се коментира од СДСМ, Узунов не учествува ниту на трибините на партијата ниту, пак, му дава поддршка на концептот одење од врата на врата, кој е дел од новата платформа на СДСМ.
Последен пат во јавноста членот на Извршниот одбор на СДСМ се појави на прес-конференција во врска со задолженоста на земјата, и тоа на 15 октомври. Според тоа што се коментира, Узунов не ги поддржува ниту комисиите што треба да се пандан на владините министерства, а забележливо е дека не учествува во нивната работа. Узунов, кој на функцијата беше назначен по доаѓањето на Заев на лидерското место, вчера ниту потврди ниту демантира дека сака да се повлече од потпретседателското место. На барање на Дневник тој одговорил со СМС, во која нагласил дека за тоа нема намера да дебатира јавно.
– И да е и да не е точно, немам никаква намера да ги дебатирам во медиуми – кусо одговорил Узунов.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа