Груби го олади Заев среде Собрание - не се надевајте дека ќе дојдете на власт преку ДУИ
Заев нека не се надева дека ќе дојде на власт преку ДУИ.
Шефот на кабинетот на Али Ахмети и пратеник во Собранието, Артан Груби, денеска на Седницата на мандатно-имунитетната комисија и порача на опозицијата да се врати во Собранието и да не се надева дека освен преку политичка понуда може да се врати на власт на друг начин.
- Од 2002 година до денес и едната и другата партија се обидуваа да дојдат на власт преку ДУИ. За жалење е тој напор, бидејќи на власт се доаѓа со добра понуда. Мандатот на пратеникот е силен, зад него стојат 7.000 до 10.000 гласачи. Пратениците на СДСМ, со тоа што ја бојктоираат работата на Собранието, не ја уважуваат волјата на овие гласачите, за што ќе бидат казнети на следните наредни избори, кога и да се случат – рече Груби.
Тој уште еднаш ги повика пратениците на опозицијата да се вратат во Собранието.
- Во 2006 година ДУИ неоправдано не влезе во власта и тогаш во Собранието се боревме за оваа цел. И СДСМ треба да го следи овој чекор – порача Груби.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа