Со Ауди прегази дете во Куманово

Возач прегазил малолетник во Куманово. Несреќата, како што јавува порталот Кумановски муабети се случила околу 20 часот, на улицата Б.Б Гуцман во населбата Гоце Делчев.

 

Како што јавува порталот, возач со автомобил марка ”Ауди”,удрил вое малолетно лице, кое со возило на Брза помош било пренесено во Ургентниот центар во Куманово.

 

Според очевидците  до несреќата дошло кога пешакот ја преминувал улицата. Возачот го забележал но не успеал да закочи.

 

На лице место имало увидна екипа на сообраќајната полиција при СВР Куманово.

 

 

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 23:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега