За бојкотот пратениците на СДСМ земаа 186.000 евра
За својот бојкот на Собранието, пратниците на опозицијата вкупно инкасирале 186.000 евра, пишува Вест. Иако ниту еднаш не се појавија на работа во Собранието, на нивните сметки редовно легнувала пратеничката палта.
Денеска еден чекор понапред отиде постапката за одземање на нивните манадати.
Исвештајот за нивните отсуства кој минатиот понеделник Велјаноски го побара од генералниот секретар на Собранието сега е испратен до Комисијата за мандатно имунитетни прашања која има рок од 15 дена за да за закаже седница на која ќе се дебатира- дали тие оправдано или неоправдано не се на своите собраниски столчиња.
Заколучокот на оваа комисија потоа се враќа кај спикерот Велјановски кој треба да го постави како точка на дневен ред на следната закажана седница.
Дооколку целосно или д елумно бидат одземени мандатите на опозициските пратеници за нив ќе треба да се одржат дополнителни избори,
Собранието може да го одземе мандатот на пратеник кој 6 месеци неоправдано отсуствувал со дво третинско мнозинство. На 10ти овој месец измина половина година откако опозициските пратеници не доаѓаат на своите работни места.
Од 34 избрани пратеници од опозицијата до сега тројца ги прифатија мандатите. Во пресрет на постапката за одземање на мандатите се навестува зголемување на оваа бројка. Дел од пратеничката група на СДСМ покажува оптворено незадоволство од политиката на бојкот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа