Веритас: Жерновски ќе се соочи со жесток отпор од граѓаните
Граѓанската Иницијатива Веритас остро реагира на изјавите на градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски дадени во последните два дена. Според Веритас, Жерновски сака на нечесен начин преку манипулации да ка оцрни нивната иницијатива за спас од рушење на Црквата СВ Елена и Константин.
Нечесно е, се вели во реакцијата на Веритас, од една страна Жерновски во јавноста да тврди дека нема да ја руши црквата, а во реалноста да прави се за да е спречи изградбата на Свети Константин и Елена. Одлуката за укинување на ДУП-от Мал Ринг предложена до Советот на Општина Центар, предвидува враќање на стариот Урбанистички план каде не е предвидена изградба на црква, со што, се вели во реакцијата на Веритас, постојната црква која е во изградба станува дивоградба и треба да биде срушена.
-Образложението на Жерновски дека укинувањето на ДУПОВИТЕ ќе значи стопирање на изградбата само на “објекти во рана фаза во изградба” е измислена кованица која правно е неиздржана и нема законска основа. Друга точка на заблуда и невистина е правдањето на Жерновски дека кога зборел за укинувањето на дуповите мислел на враќање на зелени тревни површини, кои не се однесуваат на црквата, туку на парцели кои се наоѓаат околу хотел Бристол. Вистината е дека тие површини за кој не уверува Жерновски дека се МАЛ РИНГ не е вистина. Тие се дел од површината на ГОЛЕМ РИНГ Скопје, стои во соопштението од Веритас.
Ова докажува, реагираат од Веритас, дека Жерновски свесно и тенденциозно ја одбегнува вистината и се служи со полувистинити квалификации се со цел да ја истурка својата агенда за стопирање на изградбата на црква.
-Предупредуваме дека Жерновски ќе се соочи со жесток отпор од граѓаните доколку продолжи со овие негови намери, стои во соопштението.