Директорот на БЈБ Чавков се сретна со генералниот директор на полицијата на Аргентина
Во текот на Генералното собрание на Интерпол кое минатата недела се одржа во Монако, Франција, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Митко Чавков одржа неформална билатерална средба со Роман Ди Санто, генерален директор на полицијата на Аргентина.
На средбата, соопшти денеска МВР, двајцата директори дискутирале за потребата од понатамошно развивање на соработка помеѓу двете полиции во борбата против организираниот и другите видови сериозен криминал, преку националните централни бироа на Интерпол, како и за започнување постапки за преговори околу потпишување билатерални договори за полициска соработка и екстрадиција на лица кои се бараат по меѓународни потерници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа