Пратениците со полни раце работа
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комсииите за економски прашања, за финасирање и буџет и за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На дневниот ред на Комисијата за економски прашања се предлог законите за дополнување на Законот за приватизација на државниот капитал, и за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност, двата во второ читање.
Членовите на Комисијата ќе расправаат и за Предлог финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија (РКЕ) за 2015 година и за Предлог одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности за финансирање на работењето на РКЕ за 2015 година.
Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за кредитно биро, за дополнување на Законот за преземање на акционерските друштва, двата во второ читање, како и за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, и на Законот за јавните набавки, двата во прво читање.
На седницата е и Предлог законот за затворање на сметките кои се преземени во Управата за јавни приходи од поранешната Агенција за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет, чии иматели се субјекти кои по организациона форма не се трговски друштва или трговци поединци, во прво читање.
Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство е Предлог законот за изменување на Законот за земјоделското земјиште во второ читање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа