Грците живеат од Македонија
Од 500 милиони до 1 милјарда евра годишно жителите на северна Грција оставаат во Македонија и Бугарија.
Грчкиот портал „Ворија“ пишува дека продолжува крварењето на локалните стопанства во Лерин, Ксанти , Кукуш и Серес, поради енормно високите цени во Грција и поволните производи и даночен режим во соседствто.
Според Ворија грчките бизнисмени релоцирале голем дел од бизниси од северна Грција во соседството.
Поради ниските цени само од жителите на Лерин во пограничните места во Македонија годишно се одлеваат 200 илјади евра.
Горивата се најпримамливи за грците. За 32% поевтин е безоловниот, дизелот за 26% и автогасот за 39%. Жители од овој регион добиваат и поевтини лекови, лекарски услуги, но и поправка на автомобили.
Весникот наведува дека за сервис во Македонија плаќаат од 250 до 300 евра, услуга која во Лерин може да ги чини и до 800 евра. Оданочувањето во Грција според порталот, не може да биде конкуренто со соседството. Сметаат дека конечно треба да се создаде специјална економска зона во пограничните области кои ќе им користат како штит против Балканот. Дневниот излив на пари ставил катанец на многу бизниси. Од 3700 членови на комората пред четири години сега останале само 2800 од кои пак придонеси плаќале само 700 претприемачи. Индустриската зона во градот е опустошена. Едвај 8 компании работат во овој дел од Грција.
- Ситуацијата е драматична, 5300 бизниси се затворени во последните 5 години, затоа што тие не можат да се натпреваруваат со своите соседи ", рече претседателот на Стопанската комора Серес, Христос Megklas
Секој четврток Гевгелија наликува на голем битпазар. Автомобилите ги товарат и со свеж зеленчук и овошје што кај нив го има во изобилство.
Претприемачите од Лерин алармираат, секојдневно повеќе од 1000 автомобили ја преминуваат грчко македонската граница. Повеќе од 30 илјади ја минуваат дневно границата од овој град а не се ниту вработени на границата ниту пак работат во некое од казината кај нас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа