ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот во кафулето Дамар во Старата чаршија
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение го осуди инцидентот во кој беше демолиран објектот Дамар и беа нападнати недолжни граѓани во старата Скопска чаршија.
- ВМРО-ДПМНЕ не се согласува, не поддржува и осудува секаков чин на насилство, насилнчко однесување и агресија. За нас ваквото однесување е незрело, неодговорно и срамно, се вели во соопштението.
Од партијата ги повикуваат институциите на системот во најбрз можен рок да го расветлат случајот и виновниците да ги изведат пред лицето на правдата.
- Во таа насока апелираме настанот да не се злопотребува во ниту еден конктекст, со цел поефикасно да се утврди вистинската позадина и откријат сторителите на овој настан, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа