40 сообраќајки и 30 повредени - крвав викенд во Скопје
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 40 сообраќајни незгоди од кои во една со потешки повреди се здобил мотоциклист, во 19 полесно се повредени 29 лица, а 20 поминале само со материјална штета.
Во петокот извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди. Од нив, девет се со последица материјална штета и осум со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 11 лица, додека во саботата извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.
Во недела се случиле 12 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, а шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 12 лица.
Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден мотоциклист.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе одржи едукативни предавања во ОУ „Круме Кепевски“ кое се наоѓа на подрачјето на општината Кисела Вода, со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Денеска на крстосниците во централното градско подрачје ќе биде реализирана обука за физичка регулација на сообраќајот на кандидатите за полициски службеници. Обуката ќе биде реализирана од страна на Единицата за безбедност во патниот сообраќај и Центарот за обука при МВР. Апел до возачите да бидат претпазливи, толерантни и да ги почитуваат знаците што ќе ги даваат полициските службеници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа