Украинска бизнис делегација доаѓа во Македонија
Украинска бизнис делегација составена од стопанственици од градежништвото, метало-преработувачката индустрија, туризмот, земјоделството и производството на вино и минерална вода, престојува во тридневна посета на Македонија.
Стопанствениците од Украина денеска ќе имаат средба со министерот за странски инвестиции Бил Павлески, како и со стопанственици од Сојузот на стопански комори.
Во текот на посетата на украинскиата бизнис делегацијата, претседателот на Украинската стопанска комора, Генади Чижиков ќе потпише меморандум за соработка со претседателот на Сојуз на стопански комори Златко Калеников. Претставници на двете комори остварија средба и на 8.Светски коморски конгрес во Доха.
ФОТО: Влада.мк