36. состанок на Европската банкарска федерација
Денеска, Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија ќе биде домаќин на 36-ти состанок на Европската банкарска федерација (ЕБФ).
На состанокот во Скопје ќе учествуваат претставници од 7 земји-придружни членки на ЕБФ (Албанија, Азербејџан, Русија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора,) како и претставници од 7 земји редовни членки на ЕБФ (Австрија, Бугарија, Данска, Италија, Унгарија, Полска и Словенија).
Состанокот ќе го отворат македонскиот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов. Најавени се обраќања и на извршниот директор на Европската банкарска федерација Гвидо Равоети и на Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија.