Несовесни возачи „летале" на скопските улици

 

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди во кои со повреди се здобиле седум лица и тоа еден сопатник, двајца пешаци и четворица патници во автобус.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 12 возачи кои ги управувале возилата технички неисправни, тројца возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, 13 возачи со возилото непрописно се престроиле пред крстосница, како и 22 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Денеска на крстосниците во централното градско подрачје ќе биде реализирана обука за физичка регулација на сообраќајот на кандидатите за полициски службеници. Обуката ќе биде реализирана од страна на Единицата за безбедност во патниот сообраќај и Центарот за обука при МВР. Апел до возачите да бидат претпазливи, толерантни и да ги почитуваат знаците што ќе ги даваат полициските службеници. 

15.10.2014 - 09:18


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега