Од Брисел јасна порака СДСМ да се врати во Собранието - За Заев поважна е претседателската фотелја на Бихаќка
Вистински пораз дожвиеа политиката на бојкот на СДМС по вчерашниот извештај на Европската Комисија во кој Македонија и ја доби шесттата препорака по ред за старт не преговорите со Европската Унија.
Еврокомесарот Аиво Орав при врачувањето на изветшајот од Илинденска му порача н Заев дека е време да се врати во Собранието и дека политиката на улична демократија ЕУ не ја препознава и не ја прифаќа.
„Според Извештајот одговорноста за ова лежи кај двете страни и ние се надеваме дека политичкиот дијалог ќе продолжи и треба да продолжи во Парламентот и дека тоа ќе се случи колку што е можно поскоро“ - рече Орав вчера.
Порака за враќање на опозицијата во Собранието во својо настап пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент испрати и Штефан Филе.
„Партиските се ставени пред националниот интерес и бараме и очекуваме Владата и опозицијата во Македонија да бидат одговорни, политичката дебата примарно да ја одвиваат во парламентот и да придонесат за креирање услови за функционирање“ - рече еврокомесарот во заминување.
Ова не е прв пат Филе директно да им порача на Заев и на Шеќеринска да ги вратат пратениците во Собранието. Истата порака ја добија и на последната средба во Брисел, но тоа не придноесе за напредок во политичкиот дијалог.
Многу експерти излегоа со став дека ваквите чекори на опозицискиот двоец се само гол обид за зачувување на партиски позиции. Според нив праксата Македонија да се става во залог на тесните партиски интереси не е ништо ново во политиката на опозицијата. СДСМ секогаш кога останува без идеја како понатамум прибегнува кон бојкот на институциите, велат тие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа