Таксистите дел од кампањата за користење појаси во автомобилите

 

Скопските таксисти се приклучија кон кампањата на Владата, Град Скопје и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата (РСБСП) во подигнување на свеста кај граѓаните за користење на појасите во автомобилите.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски истакна дека патниците кои се возат во такси ќе можат ќе бидат информирани и предупредени за да врзат појас и на задното седиште.

- Сакаме да ја подигнеме свеста на граѓаните за користењето на појасите не само на предните  туку и на задните седишта. Такси компаниите залепија налепници на задните врати за да се потсетат патниците дека треба да врзат појас, поради нивната безбедност, рече Трајановски.

Претсавникот на такси компаниите Гојче Стевковски нагласи дека таксистите активно ќе се вклучат во капањата за безбедност во сообраќајот. Таксистите, рече тој, ќе имаат должност да ги опоменат и советуваат патниците бидејќи со нив секојднево се возат десеттина илјади граѓани. Од тие причини Стевковски смета дека учеството на такси компаниите во кампањата ќе биде од големо значење.

Тоше Јанев од РСБСП потенцира дека со подигнувањето на јавната свест за сопствената безбедност и безбедноста на другите во сообраќајот, ќе има помалку жртви на патиштата. Јанев информира дека бројката од 200 жртви од минатата година, оваа година е намалена за 20 проценти.

03.10.2014 - 11:52

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега