Донирајте за изградба на градина во Домот за деца „11 Октомври“

 

Општина Аеродром ја поддржува акцијата на Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“, кој по повод патрониот празник почнува донаторска акција за собирање средства за изградба на ботаничка градина како дел од Домот.

Кампањата, која ќе трае десет дена, е наменета за сите приватни и правни лица кои се во можност и имаат желба да донираат средства за изградба на градината како дамнешна желба на децата.

Сите заинтересирани приватни и правни лица можат да донираат средства на жиро-сметката трезор 1000000000 630 95 НБРМ, како и на жиро-сметката – донаторски буџетски корисник 1500102593 785 11, приходно конто 725939.

Кампањата е поддржана од Министерството за труд и социјална политика, МПМ Македонија и Идеа Лаб.

Со секоја донација, помагаме детскиот живот да биде поздрав!

01.10.2014 - 14:14

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега