Ахмети: Многу сме блиску до решение за името

 

Многу сме блиску до решение на името. Лидерот на ДУИ Али Ахмети во својот говор по повод 100 дена од новиот мандат изрази убедување дека со директни преговори, решението многу брзо ќе се постигне.

„Дозволете ми да ја поздравам и изјавата на медиаторот Метју Нимиц кој што потврди дека преговорите не се однесуваат на идентитетот и јазикот, туку само за името на државата.
Ние сме убедени дека сме многу блиско до решението, но имаме потреба од директни преговори со меѓународно посредништво и потоа решението ќе се постигне.

Во овој правец, очекуваме целосна подршка и многу активна ангажираност од новиот состав на Советот на Европа, вклучително од Г. Јункер, Госпоѓата Могерини и Г. Јоханес Хан.

Успехот на овој процес претставува заокружување на нашата заедничка инвестиција во Македонија, но истовремено ќе ги релаксира видливо и меѓуетничките односи како и имплементацијата на духот на Охридскиот Договор, ќе придонесе кон мирот, одржливата стабилност и сигурност во земјава и регионот, но и за економскиот развој“ - рече Ахмети

Тој изрази надеж дека на 8 октомври Европската Комисија ќе ја потврди перпораката за старт на преговорите со Македонија

„Се надеваме дека на 8 октомври, Комисијата за Проширување на ЕУ ќе ја повтори препораката за добивање на датум за преговори и се надеваме дека декемврсискиот самит на ЕУ ќе биде поттик за финалниот бран на преговори помеѓу Скопје и Атина“ - вели Ахмети                                                                                                                                          

29.09.2014 - 14:09

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега