Обединети нации: Хуманитарна помош не е пристигната во Појасот Газа

 

Хуманитарна помош се уште не е доставена во Појасот Газа, дури и откако Израел ја укина 11-неделната блокада за испорака на помош до палестинската енклава пред два дена, соопштија денеска ОН.

„Досега, ниту една од залихите не поминала низ граничниот премин Керем Шалом“, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дежарик.

Тој додаде дека ситуацијата е таква бидејќи израелските власти дозволиле дистрибуција преку премини што ОН „не ги смета за безбедни“ поради наводно поголемите шанси за грабежи. 

21.05.2025 - 20:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега