Удинезе со победа против Лацио
Екипата на Удинезе ја постигна третата победа во првенството на Италија откако синоќа на последниот натпревар од 4.то коло во Рим го победи Лацио со 1:0. Со девет бодови Удинезе е на третото место веднаш зад Јувентус и Рома. Стрелец на единствениот гол беше Сирил Теро во 27.минута.
Резултати од 4.коло: Каљари – Торино 1:2, Фиорентина – Сасуоло 0:0, Интер – Аталанта 2:0, Јувентус – Чезена 3:0, Наполи – Палермо 3:3, Парма – Рома 1:2, Сампдорија – Киево 2:1, Верона – Џенова 2:2, Емполи – Милан 2:2 и Лацио – Удинезе 0:1.
Табела: Јувентус 12 бода, Рома 12, Удинезе 9, Интер 8, Сампдорија 8,...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа