Расте казната: Еве колку ќе треба да платите ако ве фатат без билет во автобус на ЈСП

 

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе ја зголеми цената на дополнителниот казнен билет, кој ќе чини 1.000 денари и за градските и за приградските линии. Досега оние што се фатени од контролорите на ЈСП без билет плаќаа казнен билет во висина од 200 денари за градските и 300 за приградските линии. Управниот одбор на претпријатието ја донел ваквата одлука, но таа треба да добие зелено светло од членовите на Советот на Град Скопје на седницата в четврток. Одлуката ќе влезе во сила на денот на донесувањето, пишува Дневник.

Причини за зголемување на цената на т.н. казнен билет, според директорот на ЈСП, Мишо Николов, е да се воспостави поголема дисциплина за плаќање билети. Тој смета дека тоа не е висока цена.

- За тие што се непринципиелни патници и не плаќаат билети тоа не е многу. На овој начин ќе се подобри наплатата, а тоа ни е и целта. Пониската цента на доплатниот-казнен билет не беше доволна мотивација патниците да си купуваат билети - изјави Николов.

И скопскиот градоначалник Kоце Трајановски завчера потенцира дека ЈСП треба да го зголеми процентот на наплата.

- Потребно е барем за 15-20 отсто да ја зголемат заработувачката, односно ефикасноста во наплатата - рече тој.

За разлика од него, вчера Николов истакна дека имаат наплата од 90 отсто.

24.09.2014 - 20:43


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега