Се пролеа крв на скопските улици - 14 сообраќајки за еден ден

 

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди.

Од нив, седум се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четири возачи на патничко моторно возило, еден пешак и еден велосипедист.

Се случила и една незгода со тешки телесни повреди во 6 часот и 5 минути на ул. „Јустинијан Први“ во која учествувал автобус „санос“ со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје, сопственост на ЈП „Скопје“ при што возачот изгубил контрола врз управувањето со автобусот кој се занел десно и преку тротоарот излетал во паркот, удрил во две растителни дрвја по што се превртел на левата страна. Во незгодата со тешки телесни повредни се здобил еден патник во автобусот, а со телесни повреди се здобиле возачот и 40 патници во автобусот.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 18 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 10 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, осум возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и девет возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 41 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

24.09.2014 - 09:21


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега