Македонска новинарка „го спушти“ Жерновски
Новинарката Јорданка Ивановска- Јоци на својот Фејсбук профил го коментира вчерашното соопштение на Општина Центар кое се однесуваше на изградбата на „Боемската улица“, за што јавноста, а и самата Ивановска, бараа одговори од градоначалникот Андреј Жерновски за повеќе нелогичности околу потрошената сума за овој проект.
-Андреј Жерновски денешното соопштение го именувал како „Фактите наспроти лагите и манипулациите“. Смејурија. Погледнете ги фотографиите со бројките и проценете сами кој манипулира. Видете како му се менуват бројките на Жерновски, површина и цена, како да станува збор за комедијата „Враќање во иднината“ и весник кој во рака го држи Марти Мек Флај со содржини кои исчезнуваат во секунда, а ги заменуваат други поповолни, пишува Јоци во вчерашниот пост на својот Фејсбук профил, објавен по сопштението од Општина Центар.
Ивановска вели дека Општината сега ја намалила цената од 28 на 24 милиони денари. Првично, како што пишува таа, во медиумите излегуваше првата цена, согласно како Жерновски информираше на пресови.
-Наводно „наклеветениот“ градоначалник денеска се предомислил за цената на уличката-ја намалил од 28 на 24 милиони денари-од 460.000 евра на 400.000. (демек глупи сме, нема да приметиме). А до пред некој ден во медиумите излегуваше првата цена, согласно како тој информираше на пресови. Демек никој нема да примети дека цената ја спуштил за да изгледа помалку скандалозно, пишува Ивановска.
Воедно, наведува таа, во брошурата за најавени проекти за 2014 година, на почеток на годинава ( брошурата е издадена од Општината) самиот Жерновски пишал дека ќе уредувал 1.800 метри квадратни на Ѓорѓи Пешков или Боемска, а на 16 септември годинава во соопштение на Општината тие 1.800 стасаа до 2.000, што може да се забележи од самите фотографии.
-Денеска пак на 22 септември -дошол и до 2.700 уредени метри квадратни. И не само тоа туку, „Боемска“ наеднаш станала три „боемски“ улички !? Иако улицата официјално ја отвори со став дека уредувал улицата од 2.000 квадрати, денеска, по низата прозивки, решил да ни обелодени дека уредувал, оп и -некојси агли. Кои, види богати-не биле довршени. А можда и денеска се почнати, што знаеме !? За да се оправда цената за „боемштината“. Јас едвај ја следам математикава на Жерновски ? Вие сфативте што за Жерновски е факт, а што манипулација ? Во прилог имате фотографии од текстови објавени во медиуми, соопштенијата на Општината, и брошура, каде бројките се салата и се менуваат во зависност од притисокот ваљда кон Жерновски. Нали, кој бил „жртва“ на медиумите,(демек медиум, за да звучи страшно), а всушност е само на Фб статуси, пишува Ивановска.
Таа му порачува на Жерновски да не се плаши од фејсбук статуси. „Ако си работиш чесно, нема од што да се потресуваш“ – заклучува Ивановска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа