Градоначалникот на општина Кисела Вода се сретна со командирот од Полицискиот президиум од Јужен Хесен
Градоначалничката Билјана Беличанец- Алексиќ, денес оствари работна средба со Кристен Шелтон, командир од Полицискиот президиум од Јужен Хесен, Германија.
На средбата на која присуствуваа и полициски службеници од П.С. Кисела Вода, како и претставници од СВР Скопје, главниот акцент беше ставен на превенцијата и сузбивањето на криминалот.
На градоначалникот на општина Кисела Вода, од страна на командирот од Полицискиот президиум од Јужен Хасен и беа претставени трите различни модели на превенција и сузбивање на криминалот, интегрирани во тамошното законодавство.
Претставниците на полициските власти разменија мислења и искуства окулу организација на полицијата, овластувањата, правата и обврските на полициските службеници.
Како заклучок од средбата беше истакнато дека успешната соработка на локалните и полициските власти претставува клуч за превенција, сузбивање и намалување на криминалот и истата и во иднина ќе продолжи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа