ФОТО: 530 деца ролаа по „Илинденска“ - Скопје побогато за уште една манифестација

 

Детскиот културен центар-Карпош од Скопје и Град Скопје, годинава по трет пат ја организираа „Ролер трка 2014 “, наречена „Возиме кон иднината“. На ролеријадата во чест на Европската недела на мобилност, учествуваа 530 деца од 21 основно училиште од Скопје и околината, а првите три места ги освоија Антонио Гилев од ОУ „Ј.Џ. Песталоци“, Стефан Стојанов од ОУ „Круме Кепески“ и Амар Мамути од ОУ „25 Мај“.

Со унапредувањето на ролер спортот, Градот Скопје ќе се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална, а од година во година и се помасовна.

Стартната позиција беше на булевар „Илинден“, од пред фонтаната „Лотосов цвет“ кај Градскиот парк, а учесниците во ролеријадата се движеа до клучката на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“.

23.09.2014 - 15:30
Фото: 
курир


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега