Бари: Запленети 1,4 тони марихуана од Албанија
Полицajци во италијанскиот пристанишен град Бари во соработка со припадници на финанската полиција, запленија 1,4 тони марихуана по потекло од Албанијa која била натоварена во камион кој транспортирал женска облека.
Уапсен е возачот на камионот, а се работи за 47-годишен албански државјанин.
Вредноста на наркопазарот на дрогата достигнува 14 милиони евра.