Пешачко дефиле за поголема безбедност во сообраќајот
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денеска во Скопје ќе ги промовира пешачењето, велосипедизмот и користењето на јавниот градски превоз како алтернативни форми на мобилност за подигање на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот.
Во рамките на настанот во центарот на Скопје ќе се делат флаери за промоција на алтернативните форми на мобилност и ќе се организира пешачко дефиле кое ќе почне од пред спомен куќата на Мајка Тереза, а ќе заврши пред Порта Македонија.
Потоа ќе биде организирано промотивно возење со автобус на ЈСП Скопје од Порта Македонија до Средно Водно, па со жичница до врвот на Водно, каде се одржува Балканскиот велосипедски фестивал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа